Сеќавање на историската битка во Првата светска војна

Битката за Хамел за време на Првата светска војна била една од клучните битки во австралиската воена историја и која го запечатила угледот на генералот John Monash.

Точно во 3:10 часот наутро топовите почнале да пукаат, војниците станале, запалиле цигари и ја следеле гласната артилерија во битката, нивна цел било француското село Le Hamel. Кога стигнала зората се било готово. Селото било завземено, со многу малку жртви (според стандардите на Првата светска војна), а победата била целосна. Во својот детален план генералот John Monash пресметал дека акцијата ќе трае 90 минути, погрешил за три минути, битката траела 93 минути. Битката за Хамел се водела на 4 јули во 1918 година и била знак за тоа што следувало кога Сојузниците завладеале со фронтот по три години борба од ровови која се водела со многу жртви и сосема незначаен напредок. Следела благодарност за Австралијците и Monash, а голем број британски заповедници го посетиле неговиот штаб за да ги проучат неговите методи. Ова многу ја зајакнало репутацијата на Monash која се повеќе растела како ги предводел австралиските сили во низа победи кои кулминирале со потпишување на примирје на 11 ноември.
Но, Хамел не бил пресвртница. Единаесет денови подоцна 52-та германска дивизија нападнала на југот во Somme, но овој напад бил запрен. Три дена подоцна, француските сили со американска поддршка нападнале и ги почнале фамозните 100 денови кои ја довеле Германија до нејзиниот крах. И век подоцна битката за Хамел се памети во Франција и Австралија. Церемонијата по повод 100 години од таа битка се одржа во Меморијалот на австралиските сили во Хамел, а во Канбера беше откриен нов споменик на Monash во Австралискиот воен меморијал. До средина на 1918 година, на Сојузниците многу работи им оделе во прилог. Големата германска офанзива останала без погон и блокадата на Германија почнала да остава траги. Потребните продукти, меѓу кои и храната полека исчезнувале. Американските сили пристигнувале во се поголем број со доволно залихи на храна и муниција. Во јули Monash е одбран да биде лидер на обединетите австралиски сили кои се состоеле од пет девизии со околку 120.000 војници. Претходно австралиските дивизии биле спојувани со британските сили зависно од потребите на фронтот. Monash веднаш почнал со планови за Хамел, првата битка на обединети австралиски сили. За западниот фронт ова не било голем настан, туку само напредување од два километри на 6,5 километри. Monash беспрекорно се испланирал, а подоцна напишал дека модерната битка е слична на композиција за оркестар, секоја едница влегува во точно одреден момент за да ја одигра својата улога во општата хармонија. Тоа што Monash го испланирал било претходница на модерното комбинирање на вооружени операции во кои се вклучени пешадијата, тенковите, артилеријата и воздушна поддршка, сите во заедничко делување.
Австралиските сили го признаваат ова наследство. Големата двогодишна воена вежба на Првата бригада од Дарвин го носи името Хамел. Monash ја увидел користа од новите технологии. Копачите на ровови имале лошо мислење за британските тенкови кои една година претходно лошо поминале во Bullecourt. Monash верувал дека ќе им бидат корисни на австралиските сили и им биле доделени 60 најнови модели на Mark V и пред да отидат во акција тенковите и пешадијата заедно вежбале, војниците успеале да ја развијат многу потребна доверба во машините и луѓето кои со нив управувале. Monash користел и воздушна поддршка која прво летала над германските линини за да ја загуши галамата на тенковите кои се приближувале, а потоа пешадијата почнала да пука. Дури и воениот коресподент Charles Bean кој во тоа време не бил голем обожавател на Monash признал дека станува збор за мајсторско разумно објаснување. Ashley Ekins, историчар во Австралискиот воен музеј изјави дека Австралиците во тој момент биле изворедна учинковита борбена машина, целосно обновена по поразот во битката кај Passchendael, кој се случил претходната година.
„Многу од војниците виделе воени акции и успеаа да развијат нова тактика. Алатките кои им стоеа на располагање ги користеа за повеќе намени, нешто за кое Mоnash сосема јасно говореше дека ќе ги користи – тенкови, авиони, артилерија и секако митралезот Луис употребен во оваа битка во поголема мера од претходно” – изјави тој. Хамел имал уште една компонента – Американците. Тој требало да биде нивна прва акција, копачите на ровови биле ментори на новите на фронтот. Токму од таа причина Monash го одбрал 4 јули – Денот на американската независност. Иницијално требало да учествуваат 1.000 војници, но американскиот генерал John Pershing не се согласувал со тоа, инсистирал поголемиот дел од војниците, а потоа и сите да бидат повлечени. Monash повлекол линија или ќе учествуваат американците или ќе се откаже нападот. Се сложиле да учествуваат и во 3.10 часот наутро, над 600 топови ги нападнале германските позиции користејќи експлозив и отровен плин. Следна во нападот била пешадијата веднаш зад артилеријата, а во близина биле и тенковите, подготвени да нападнат за да се уништат евентуалните преостанати засолништа. Бидејќи претходно немало бомбардирање кое би ги предупредиле противниците, изненадувањето било целосно.

Останати вести