ИСТОРИСКА СРЕДБА: Патријархот Кирил и папата Франциско се сретнаа во Хавана

Состанокот се одржа во Куба во просториите на Меѓународниот аеродром Хозе Марти.
Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско се сретнаа на островот Куба во Хавана, што е прва средба на поглаварите на двете цркви. 

Средбата на папата и поглаварот на Руската правславна црква се смета за историски настан по речиси илјадагодишната поделба на христијанството на источна и западна црква од 1054-та година.
– Се сретнуваме во вистинско време – рече патријархот Кирил.
Состанокот се одржа во просториите на Меѓународниот аеродром Хозе Марти, во кој беа изложени знамиња на Ватикан и знаменитости на поглаварот на Руската православна црква.
Средбата на неутрален терен била планирана со децении, а последните пречки беа отстранети благодарение на решителноста на папата дека средбата треба да се одржи и ставот на Руската православна црква дека настаните на Блискиот Исток ја зголемиле потребата за обединетост на христијаните.

Останати вести