Истражувањата за рак во Викторија ќе спасува животи

Центар за лекување и истражување на ракот Питер Мекалум е новата надеж за болните од рак и нивните семејства.

Премиерот на Викторија Даниел Ендрус гледал од прозореџот на болничката соба во која умирал татко му, како се гради новиот центар за истражување на рак. Тој се надева дека Сеопфатниот центар за лекување и истражување на рак во Викторија (VCCC) вреден 1 милијарда долари значи оти ќе се намали бројот на луѓе кои ќе бидат присилени да гледаат како нивните најблиски умираат од оваа болест.
„Мојот татко (Боб) годинава ќе го славеше својот 66 роденден. Не го доживеа”, им рече Ендрус на новинарите на отварање на центарот: „Се надевавм дека луѓе како него и семејствата како нашето ќе бидат поштедени од такви години и ќе имаат можности кои ние ги немавме, затоа што во овој центар ќе дојде до откритија”.
Американскиот потпретседател Џо Бајден специјално допатува за да го отвори центарот и во тааа пригода изјави дека центарот ќе има „значително” влијание во глобалната борба против ракот.
„Ова што овде го работите е особено важно и ќе влијае на сите делови на светот”, рече Бајден.
Во овој центар ќе се лекуваат 30,000 пациенти годишно и во него ќе се наоѓаат и модерни високоспецијализирани лаборатории во кои научниците и лекарите ќе си помагаат во мултидисциплинарна соработка.
Федералната влада во овој центар вложила $500 милиони, а министерката за здравство Сузан Ли изјави како ова е возбудлив момент за сите оние кои боледуваат од рак. Таа планира да го забрза одобрувањето на клиничките истражувања на новите лекови за лекување на рак до кои Австралиците често не можат да дојдат.
„Мораме да направиме повеќе, да овозможиме поран пристап до лековите за ран стадиум на карциномот” – рече г-ѓата Ли.
Панциенти, лекари и медицински сестри, овој месец се вселија во новиот дом во VCCC во кој се наоѓаат 160 болнички кревети, 110 кревети во дневната болница, осум операциски сали, две простори за останати медицински постапки и осум простории за лекување со зрачење.

Останати вести