Италијански научници тврдат: Охридското е најстаро езеро во светот

Група италијански научници дошле до специјално откритие дека Охридското Езеро е настаро езеро во светот, објавила тиранската телевизија Топ ченел, јави А1 он.

– Првичните резултати се дека по првпат имаме приближно точен податок за староста на ова езеро, дека истото е најстаро во Европа. Првичните податоци ни дозволуваат да бидеме многу сигурни во тоа дека Охридското Езеро е постаро од милион години и ова е многу значајно откритие од биолошки и геолошки аспект – изјавил професорот Џовани Занчета од Универзитетот во Пиза, кој е раководител на групата и познат експерт за геоклиматско-вулкански појави.
Во јануари годинава, пак, експертот Бернд Вагнер, кој беше дел од експедицијата составена од експерти по геологија и минерологија од Универзитетот во Келн, изјави дека се работи за најстарото езеро на континентот, старо повеќе од милион години.

Останати вести