Иван Радевски, нашиот локален уметник од Мелбурн кој настапува во BT’s ресторанот во Престон, дознаваме дека оваа седмица заминува за Македонија.
Тој таму ќе настапи на неколку фестивали од кои најзначаен е “Охрид Фест” што годинава го има 23-то издание на интернационалниот музички фестивал Охридски трубадури 2016.
Преку сателитски сигнал оваа година фестивалот ќе го пренесуваат петнаесетина балкански телевизии.
Му посакуваме успех и убаво да ги претстави Македонците од Австралија.
Во меѓувреме може да не изненади со уште некоја нова песна и ЦД.
