Весникот The Express од Бенкстаун на 1 ноември објави статија за наградениот поет и писател Иван Трпоски, кој оваа година беше одликуван од македонскиот претседател Ѓорге Иванов со Медал за заслуги за Македонија.
Ова е една добра промоција не само за Иван туку и за целата македонска заедница и нација воопшто.
Честитки за нашиот Иван, со позитивните дела најубаво се промовира македонскиот јазик и култура. Му посакуваме и во иднина да продолжи да го вее македонското знаме во Австралија.
Иван е долгогодишен активист во заедницата и главен библиотекар на “Глигор Прличев” во изминативе 38 години. Тој има добиено повеќе награди за неговата поезија, а во 2010 година во Австралија доби признание како Canterbury’s Senior Citizen. Автор на 17 објавени книги, Трпоски го посвети својот живот во промоција на македонскиот јазик.
Трпоски минатиов јули доби медал од претседателот на Македонија заедно со Кирил Христовски од САД, Лилјана Стоилковска-Андоновска од Шведска и Борче Величковски од Србија.