Иванишевиќ: Новак Ѓоковиќ може да ги покори сите рекорди во тенисот

Новак Ѓоковиќ убедливо го освои Австралија Опен, каде во финалето го совлада Енди Мареј со 3:0 во сетови. Претходно Новак Ѓоковиќ го победи и Роџер Федерер, со што покажа колку е подготвен да им парира на најдобрите тенисери. 

Српскиот тенисер ја освои 11. Грен слем титула, а прославениот тенисер од Хрватска, Горан Иванишевиќ, смета дека Ѓоковиќ може да го надмине и Роџер Федерер, кој е неприкосновен на тронот со 17-ет Грен слем трофеи.
„Новак Ѓоковиќ би можел да ги сруши сите рекорди. Ако остане здрав, ќе игра уште пет или шест години. Годишно може да освојува барем 2 или 3 трофеи и еве го на бројот од 20 трофеи”, изјави легендарниот Иванишевиќ.
Оваа сезона Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го оствари тоа што не му успеа минатата година, календарскиот Грен слем, односно победа на сите четири турнири, Австралија, Вимблдон, Роланд Гарос и УС ОПЕН.

Останати вести