Иванка Tрамп: Го мразат татко ми затоа што го препозна лицемерието на естаблишментот

Ќерката и „виша советничка” на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп изјави дека Вашингтон го мрази нејзиниот татко затоа што го „препознал лицемерието на естаблишментот”.

Во својот говор на последната вечер на Републиканската конвенција, Иванка Трамп изјави дека Трамп, наместо да му дозволи на Вашингтон да го промени, тој го променил Вашингтон.
Таа истакна дека, како „воин од Белата куќа”, му треба уште еден мандат.
Иванка Трамп противникот на нејзиниот татко на ноемвриските претседателски избори во САД, Џо Бајден од Демократската партија, го нарече „простак кој ќе стори сé што бараат медиумите и партијата”.
Таа наведе дека нејзиниот татко не ги менува своите верувања за да ѝ се допадне на политичката елита. Единствената елита за која се грижи, рече таа, е работничкиот народ на Америка.
Таа исто така истакна дека го сака нејзиниот татко затоа што тој е „реален и ефикасен”.

Останати вести