Иванов: Нема мрдање, во Изборниот закон пишува дека изборите се на 24 април!

Иванов му го довери мандатот на Емил Димитриев, кој стана седми премиер на РМ. Изборите во април треба да бидат испитот за да ни се врати препораката за членство во ЕУ. Не можеме да си играме со тоа

Граѓаните им ја дале довербата на политичките партии не за да бидат нивни заложници туку да работат во интерес на државата, пишува во соопштението за јавноста на претседателот Ѓорге Иванов, во кое меѓу другото стои. 

– Не може да се избегнуваат обврските од договорот и со тоа да се доведе во прашање европската и евроатланската перспектива на Република Македонија и просперитетот на граѓаните. Нашиот регион и Европа се соочуваат со сериозни предизвици и она што најмалку ни е потребно денес е продлабочување на политичката криза.
Претседателот Иванов се заблагодари за ангажманот на меѓународната заедница, посебно на еврокомесарот Хан и ја поздрави подготвеноста на Унијата за обезбедување целосна поддршка и гаранции за слободни и фер избори.
Избегнувањето на изборите на 24 април претседателот Иванов го гледа како директно непочитување на законите поврзани со изборната регулатива што беа гласани и од пратеничката група на СДСМ. Во Законот за измени и дополнувања на изборниот законик од деветти ноември 2015-та година дури во 4 члена точно е дефиниран датумот 24 април 2016-та година како датум на кој ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Имено тоа се членовите 78, 80,82 и 83 во кои претставниците на партиите се договорија и изгласаа да стои и датумот на изборите, нешто што Заев сега не го почитува.
Во членот 78 датумот на изборите стриктно е наведен во ставот еден кој се однесува на тајмингот во кој, откако Законот ќе стапи на сила, ќе се бираат членовите на Државната изборна Комисија. Во членот 80 пак датумот на изборите е наведен во релација со изготвувањето на методологијата за прочистување на избирачкиот список, обврска која Социјалдемократите ја оспоруваат дека може навреме да се направи заедно со условувањето за Законот за медиуми, што според познавачите на оваа материја се две неповрзани работи кои немаат ниту една допирна точка.
Но, она што е посебно интересно се членовите 82 и 83 кои се однесуваат на трета страна односно се однесуваат на медиумите кои подлежеа на конкретен тајминг за прекинување на платеното политичко рекламирање, што и го направија а сето ова посебно за приватните медиуми значи останување без дополнителни приходи.
Имено во членот 82, став еден предвидува заради организирање на изборите на 24 април 2016-та година забрането е платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените и електронските медиуми како и интернет порталите во период од 20-ти декември 2015-та година до денот на почетокот на изборната кампања. Во ставот два забраната за политичко рекламирање се однесува на рекламните паноа и билборди а и таа е со истиот датум како за радиодифузерите, односно престанокот на политичкото билборд-рекламирање е од 20-ти декември 2015-та година.
Членот 83 им го лимитира објавувањето на рекламите финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје на радиодифузерите, печатените и електронските медиуми како и интернет порталите итоа од денот на стапувањето на сила на Законот за измени и дополнувања на изборниот законик до денот на одржување на изборите 24 април 2016-та година.

Останати вести