Избелувањето на коралите е последица на глобалното загревање

Најмалку 35 отсто од коралите во северниот и централен дел на Големиот Kорален Гребен во Австралија се уништени откако побелеле, изјавија австралиските научници.

Струч­ните лица од Универзитетот „Џемс Kук” рекле дека ова е досега најекстремен случај на масовно белење забележан во гребенот кој е светското културно наследство. Избелувањето се јавува кога топлата вода предизвикува „слабеење” на коралите и исчезнување на шарените алги кои даваат кислород и хранливо ткиво. Причина за тоа се климатските промени и глобалното затоплување.
– Утврдивме дека во просек се мртви околу 35 отсто од коралите на 84 гребени кои ги испитувавме долж северните и централни делови на Големиот Kорален Гребен, меѓу Таунсвил и Папуа Нова Гвинеја – изјавил професорот Тери Хјуз, шеф на Центарот за испитување корали при Универзитетот.
Ова е третпат во последните 18 години брегот да доживува масовно избелување поради глобалното затоплување, а моментните случувања се многу екстремни од оние што се забележани порано. Снемува време за намалување на стакленичките гасови, додал професорот.
Научниците соопштиле дека се очекува закрепнување на коралите за повеќе од десет години, но ќе биде потребно многу повеќе време да се вратат најголемите и најстари корали кои изумреле. Студијата на научниците од Универзитетот е објавена по неколку месеци интензивни подводни истражувања. Избелувањето е предизвикано од зголемената температура на водата.

Останати вести