Изедначување на двете партии

Според резултатите на последната анкета, кога се зборува за наклоност исклучиво кон овие две големи партии, гласачите се поделени во својата поддршката. Резултатите велат дека двата лидера имаат речиси иста ниска оцена.

Задоволството од работата на прајминистерот Малком Трнбол паднало за еден бод и сега се наоѓа на рекордно ниски 36 %, додека незадовлоството останува на 52%, што вкупно му дава негативен рејтинг од 15 бодови.
Лидерот на опозицијата исто така ужива негативен рејтинг кога зборуваме за задоволството на гласачите и тоа од 16 бодови што претставува напредок во однос на претходните 19 бодови – 51% од анкетираните гласачи не се задоволни од него, додека задоволството на гласачите пораснало на 35%. Примарната наклоност на гласачите кон Коалицијата останува 41%, додека наклонетоста на гласачите кон лабурисите е непроменета и изнесува 36%, како и за зелените која е само 10%. Поддршката на независните и помалите партии паднала на рекордно ниво од 13% додека пред две недели изнесувала 15%.

Останати вести