Излегоа први со прескокнување на чекорите

На почетокот на јуни беа избрани волонтери меѓу воени лица и цивили. Вклучувајќи ја и едната ќерка на Владимир Путин, која е ендокринолог. Повеќе од еден месец подоцна, кај ниеден не се покажале негативни ефекти.

Ниту кај волонтерите од втората група за тестирање, кои ја примиле инјекцијата пет дена подоцна, исто така немало несакани реакции.
Вакцината за коорнавирус во Русија се прави заедно од Министерството за одбрана на земјата и Институтот за епидемиологија и микробиологија “Гамалеи” во Москва.
Александар Гинзбург, директор на Институтот, се надева дека, по инјекцијата имунитетот ќе трае две години. Земјата планира да произведе до 70 милиони дози, а здравствените организации веќе се подготвуваат за поголемо производство. Инаку, Русија има 145 милиона жители, односно двојно повеќе од планираниот број на вакцини.

Која е ќерката на Путин што ја прими вакцината против ковид-19?
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека неговата ќерка на себе ја тестирала вакцината против ковид-19, па од тој момент сите светски медиуми почнаа да истражуваат и да пишуваат за 35-годишната Марија Воронцова.
Инаку, таа е најстарата ќерка на Путин, по професија е педијатар-ендокринолог, а сега дополнително ѝ стана интересна на јавноста поради тоа што храбро прифати да ја прими новата вакцина против коронавирусот.
Како што пишуваат светските медиуми, Воронцова студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург, а дипломирала на Универзитетот за медицина во Москва. Уште поинтересно е тоа што таа во исто време е и советничка на Путин за генетски инженеринг.
За другата ќерка Јекатерина се зборува дека е шампионка по модерен танц.
Самиот Владимир Путин никогаш не сакал да коментира или да потврдува за тоа што прават неговите ќерки. Затоа светот нема потврда ниту досие за неговите деца.
– Сакам да имаат нормален живот а не да бидата следени од медиумите и да живеат во балон, вели рускиот претседател.

Останати вести