Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј (MAWA), во рамките на Програмата за Подршка на Македонските Грижители, организираше еднодневен излет со посета на Македонскиот православен манастир “Света Петка” и Будистичкиот храм во околината на Wollongong за членовите на групите за поддршка на грижителите од Rockdale и Bankstown, како и членовите на машката група од Bankstown и социјалната група од Yagoona .
На овој начин беше одбележана Неделата на Грижителите во Нов Јужен Велс. Членовите на групите ќе го запомнат овој ден како ретко пријатен ден. Прекрасното време, целодневното дружење, неформални дискусии, шали, смеа проследени со заедничкиот ручек и освежителни пијалоци, во ресторанот на West Illawarra League Club – Unanderra, за грижителите и нивните гости беше нешто посебно и несекојдневно.
Малку изморени, но и освежени и исполнети со пријатни впечатоци, грижителите го завршиjа излетот, со желба и надеж што поскоро повторно да се сретнат и дружат на некое друго место. Во исто време им порачуват на таканаречени прикриени грижители што побргу да им се придружат и да се вклучат во Програмата за Поддршка на Македонските Грижители и заеднички да ги споделуваат своите искуства.
За подетални информации во врска со програмата заинтертесираните може да се јават во MAWA на 9597 5455.
Колку беа среќни и расположени македонските грижители може да се види и од приложените фотографии.


