Излет во Kрнел

Минатиот четврток, на 26 јануари, во чест на Денот на Австралија, македонската асоцијација од село Ѓавато организираше излет во местото Крнел.

Управниот одбор на оваа асоцијација и овој пат знаеја како да ги дочекаат членовите и пријателите со богата скара, мезиња, разни салати, слатки, како и разни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Долгогодишниот претседател на асоцијацијата господинот Борис Буџевски им се заблагодари на членовите и пријателите за нивното присуство и им го честита Денот на Австралија и им посака среќа, радост, здравје и уште многу вакви средби да славиме во иднина.

Т. Кабровски

Останати вести