Минатиот четврток Македонската пензионерска група од Менај организираше излет во местото Воронора Дам.
Организаторите на групата и овој пат умееја како да ги нагостат членовите, со богата скара, мезиња, разни салати, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци. Посебен белег на оваа пензионерска група дадоа Живка Петровска, Славица Котевска, Родна Керемелевска за одличното организирање, а за убавата и вкусна скара се погрижија Стевче Марковски и Борче Петровски.
Голема благодарност на Тодор гајдаџијата од село Могила, кој отсвири убави ора, а се пееја и убави македонски песни.
Претседателот на групата госпоѓата Живка Петровска им заблагодари на членовите за нивното присуство и им посака здравје, среќа, радост и уште многу вакви средби да организираме во иднина.
Тоде Кабровски



