Пропустите при креирање политика за обновливи извори на енергија, причина за голема критика упатена на адресата на Бил Шортен
Кандидатот за прајминистер Бил Шортен не знае колку ќе ги чини даночните обврзници неговиот храбар план според кој Комонвелтот до 2030 година треба да откупи 50% енергија од обновливи извори на енергија. Лидерот на опозицијата оваа зелена иницијатива ја објави во Сиднеј, тврдејќи дека нема да има „нето трошоци”, но нема податоци за моделирање или анализа на трошоците со кои би ја поддржал својата изјава. Шортен избегна да одговори на прашањето дали постои планирана пресметка со која ќе се провери оваа политика и како може да гарантира дека нема да дојде до зголемување на трошоците.
„Ќе ви изнесам само историски факти и докази. Во 2000 година одвај 100 покриви во урбаните средини имаа соларни панели, а денес ги има 1,5 милион”, рекол. Повикувајќи се на владиниот извештај кој го составил Dick Warburton, Шортен рекол дека обновливите извори на енергија ќе направат притисок да се намали цената.
“Погледнете ги сите оние истражувања за неверојатен и значителен напредок и раширеност, како и трошоците на обновливата енергија.”
Владата го критикува дека се обидува да „излаже” оти новата политика е „бесплатна”. Министерот за екологија Greg Hunt тврди дека при воведување на сличен проект на Територијата на австралискиот главен град, трошокот за струја се зголемил за $89,10 MWh. Што значело зголемување на трошоците.
„Шортен очекува Австралијците да поверуваат оти преминување на 50 % обновлива енергија нема да ги чини ништо – а сличната политика на владата на Територијата на австралискиот главен град ги чинела до $89.10 MWh на последната аукција” – додал Hunt.
Лабуристите тврдат дека ќе ја достигнат целта, соработувајќи со набавувачите на енергија на кои би им понудиле договор на 10-15 години за купување енергија, а со кој на инвеститорите ќе им понудат поголема сигурност за вложување. Раководителот на политиката на Советот за чисти извори на енергија, Darren Gladman, ја поздравил оваа иницијатива, велејќи дека долгорочната сигурност на индустријата сигурно ќе ги намали цените. Но, признал дека традиоционалните форми на енергија и понатаму се поевтини.