Подуениот стомак, кој и тоа како го чувствуваме најмногу кон крајот на денот, е проблем со кој се борат многу жени. Доколку сакате брзо и лесно да се ослободите од отеченоста и да изгледате најдобро, ви донесуваме 24 совети за 24 часа со кои максимално ќе го „израмните” стомакот.
1. Денот започнете го со чај од ѓумбир. Тој ќе го забрза варењето и ќе го спречи отекувањето на стомакот.
2. Наместо појадок направете омлет од белки.
3. Изедете банана. Таа е преполна со калиум кој го регулира задржувањето на вода во телото.
4. Од исхраната исфрлете ги кромидот, артичоките, пченката, карфиолот, кељот, блитвата, спанаќот, печурките. Овие продукти се здрави, но предизвикуваат подуеност.
5. Заборавете на гумите за џвакање, со џвакањето голтате воздух кој го отекува стомакот.
6. Избегнувајте слатки и енергетски чоколади кои содржат житарки и засладувачи.
7. Уживајте во јадењата со магдонос, бидејќи е силен диуретик и регулатор на варењето.
8. Уживајте и во темната чоколада која содржи 70 отсто какако или повеќе.
9. Во текот на денот да јадете повеќе мали оброци и тоа на секои 3 до 4 часа. Тоа ќе го поттикне варењето.
10. Јадете полека. Така ќе проголтате помалку воздух, а добро изџваканата храна побрзо ќе се свари.
11. Соковите заменете ги со лимонска вода. Пијте многу вода, бидејќи лимонот е силен диуретик, а хидратацијата го забрзува метаболизмот.
12. Избегнувајте да пиете преку цевка, бидејќи така голтате повеќе воздух.
13. Избегнувајте газирани и слатки пијалаци. Меурчињата и шеќерот се најлоша комбинација за вашиот стомак.
14. Белиот леб и тестенини заменете ги со оние од цело зрно, бидејќи се богати со влакна кои се клучни за варењето.
15. Избегнувајте мрсна храна, бидејќи е тешко сварлива.
16. Чувајте се од алкохол, бидејќи може да ја наруши цревната флора и да предизвика подуеност.
17. Барем 15 минути искористете за пешачење. Тоа ќе го забрза метаболизмот.
18. Во текот на денот испијте уште еден чај од ѓумбир и цимет.
19. Прескокнете ги млекото и сирењата, бидејќи тие кај возрасните може да предизвикаат подуеност.
20. Испијте пробиотик кој е преполн со добри бактерии коишто го регулираат варењето.
21. Ден претходно прескокнете ја вечерата или нека таа биде порано и многу лесна.
22. Направете си купка од лажица горчлива сол. Магнезиумот од горчливата сол го поттикнува потењето со коешто ја исфрлате течноста од телото.
23. Чувајте се од солена храна. Солта ја задржува водата во телото.
24. Ако сте гладни, грицкајте бадеми. Тие нема да предизвикуваат подуеност, но ќе ве заситат.