Извонредна можност за градба

Црковната општина “Успение на Пресвета Богородица” продава дел од блокот со дозвола за градба на 74 апартмани, 1 е еднособен, 68 двособни, 4 трособни и 1 четворособен. Големина на земјиштето што се наоѓа зад самата црква е 7,556 м2. 

Во близина на трговскиот центар Watergardens, училиштата, транспорт и железничката станица, лесен достап до главните патишта, паркови, ресторани и кфулиња во близината, сето тоа на 27 километри од центарот на Мелбурн и 19 километри од аеродромот Таламарин.
Упрвата сака најпрво да го понуди проектот со земјата на македонски градежници да го извршат тој потфат, а тендерот се затвора на 8 декември 2014 година.
Од средствата кои би се добиле од продажбата ќе се започне со градба на нов центар и паркинг со 92 места. Во меѓувреме се планира осветувањето на црквата да се одржи во сабота, на 17 јануари 2015 година, а за тој голем настан ќе допатува од Македонија и владиката Тимотеј, кој ќе го изврши свечениот чин.

Останати вести