Ја избраа Азалеа за најсекси жена, а таа се налути…

Бидејќи е прогласена за најсексипилна жена на годината, Иги Азалеа се најде на насловната страница на австралиското издание од магазинот „Maxim”.

Меѓутоа, магазинот објавил нејзина слика од 2011-та година, што ја навреди Иги.
Иги Азалеа може да се пофали со фактот дека се најде на првото место на листата од 100 најсексипилни жени во 2014-та година.
Но, откако ја погледнала насловната страница, познатата пејачка налутено испратила критика до својот менаџерски тим преку Твитер. „Утринава видов дека сте му дозволиле на магазинот „Maxim” да ја купи сликата од 2011-та година, од снимањето за магазинот „Complex” и да ја стави на насловна страна”, напиша Иги.
Но, токму кога изгледаше, поради непријатниот тон, дека Иги се подготвува да упати уште полоша критика, пејачката ја изрази својата благодарност. „Мислам дека е феноменално што било кој сака да ме стави на насловна страница, но тоа треба да се направи на вистински начин, а тие очигледно не ја испочитуваа мојата желба. За насловна страница, секогаш се приредува нова фотосесија, а не се рециклираат стари фотографии”.

„На магазинот „Maxim” му благодарам за вниманието, но мене никој не ме праша ништо. Би сакала да можев да дадам интервју и да направам фотосесија”, заклучи Иги.

Останати вести