Ова вкусно бобичесто овошје има силни антиоксидантни својства. Тоа значи дека ги намалува ефектите на слободните радикали и така штити од рак на дебелото црево, дојка, грлото на матката, хранопроводникот и простатата.
Фитонутриентите во малината спречуваат ширење на клетките на рак, така што ги потикнува на апоптоза, односно самоуништување.
Двесте грама од ова овошје содржи препорачаната количина на витамин Ц. Богати се со влакна, фолна киселина, витамин К, E5, манган, магнезиум, бакар, калиум и омега 3 масни киселини.
Оние, чија исхрана е богата со малини имаат помал ризик да се здебелат и да се разболат од дијабетес. Кетоните во овие црвени плодови се одговорни за контрола на гликозата во крвта. Тие го потикнуваат метаболизмот на масти и ги намалуваат масните наслаги.
Внесувањето малини го активира хормонот адипонектин, од чиј недостаток страдаат луѓе од дијабетес тип 2. Адипонектинот ја враќа рамнотежата во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и други болести кои го следат дијабетес тип 2.
Предноста на исхраната со малини е тоа што кожата ја прави поотпорна на штетните зраци на сонцето. За таа цел корисно е и маслото од малини кое одлично ја штити кожата, затоа што содржи високо ниво на омега 3 и омега 6 есенцијални масни киселини и витамин E. Се проценува дека заштитниот фактор на ова масло е помеѓу 30 и 50.