Ново истражување: Внесувањето на јаглени хидрати после 17 часот може да биде добро

Јаглените хидрати се непријатели. Барем така не присилуваа да мислиме. Заедничкиот именител за успешно слабеење е намалувањето на количината на храната која е богата со скроб и шеќер во секојдневната исхрана.

Тоа значи дека треба да внесувате мала количина или речиси воопшто да не внесувате јаглени хидрати.
Оние кои што се опседнати со фитнесот и здравата исхрана, јадат пилешко месо и брокули после 17 часот, бидејќи тие не содржат јаглени хидрати. Во склоп на приказните за слабеење, Ален Баркли, дијабетичар и претставник на Здржението за дијабетичари на Австралија, вели дека не постојат научни докази кои потврдуваат дека одбегнувањето на леб во вечерните часови е корисно.

“Нашиот организам е способен да се избори со сите макро хранливи материи”, вели Ален. “Поради тоа во ред е да јадете јаглени хидрати за доручек, ручек и вечера”.
“Внесувањето на јаглени хидрати кое треба да се сведе на минимум не е магична формула за слабеење. За сето тоа е потребно време. Луѓето само го намалуваат внеусвањето на калории”.
Јаглените хидрати се неопходно гориво, а се работи за тоа што треба да ги одвоите добрите од лошите.
Студијата се состоела од две групи: личностите кои јаделе јаглени хидрати за време на целиот ден и личностите кои јаделе 80 % јаглени хидрати на вечер. И двете групи внесувале ист вкупен број на калории и иста количина макро хранливи материи. Но, оние кои јаделе храна со поголем број на јаглени хидрати во неа и тоа на вечер, изгубиле повеќе килограми и изгубиле повеќе маснотии во период од шест месеци. Затоа внесувањето на јаглени хидрати на вечер не е толку лоша идеја.
“Не е во ред доколку јадете па веднаш отидете на спиење, бидејќи ќе имате проблеми со варењето – во прашање е проста механика”, вели Ален.

Останати вести