Еден од најефикасните средства против несоница е токму ова растение, го освежува организмот и ја отстранува физичката и менталната исцрпеност.
Исто така јагликата е е многу добар лек за лекување на болести на белите дробови, вртоглавица, несвестица и забрзана работа на срцето. Чај подготвен од цветовите на јагликата го зголемува бројот на црвени крвни зрнца. Покрај тоа, што се користи во третман на несоница, мигрена и неуреден менструален циклус ја подобрува циркулацијата на крвта и служи за исфрлање на секрет од дишните патиѓта. Чајот од коренот на јагликата има дејствува на смирување на главоболка, нервоза, несоница, вртоглавица и несвестица. Сепак, јаглика се користи и при лекување на вкочанетост , болести на бубрезите, реума и гихт.
Чај од јаглика: пред да се напиете апче против несоница се препорачува да се напиете чај од јаглика за мирен сон. Овој чај ги ублажува сите причини за несоница, го чува нервниот систем и здравјето во целина. Земете 50 гр јаглика, 25 гр цвет од лаванда , 10 гр јачмен и 15 гр кантарион. Една лажица од оваа мешавина ставете во 250 мл жешка вода и оставете да отстои три минути. Овој чај се пие пред спиење засладен со малку мед.
Јагликата има извонредно здрав ефект врз срцето и позитивно влијае при воспаление на срцевиот мускул.Исто така е превенција против мозочно крварење. Чајот од коренот на јагликата со мед се препорачува за исфрлање на песок од бубрезите.
Против срцеви болести ефикасен лек е виното од јаглика. Можеме и самите да го направиме од свежи цветови на јагликата. Ги ставаме цветовите во шише од 2 л. Без да ги притискаме и натре долеваме чисто бело вино. Шишето оставете го на сонце две недели. Се пијат две три голтки по потреба , а потешките срцеви болни може да земаат дневно по 3 лажици. Пред употреба треба да се консултирате со лекар.