Тешки времиња: членови на „јакуза“ крадат храна

Животот како мафијаш, член на „јакуза” станал толку тежок, дека некои од нив се впуштат во ситни кражби, за да останат во бизнисот, пренесе Франс прес.

Двајца членови на организираната криминална група беа уапсени поради тврдења дека се обидуваат да украдат намирници во вредност од 76.120 јени (683 долари) во централниот јапонски град Нагоја, соопшти полицијата.
„Тие се членови на банда поврзана со групата Коби Јамагучи-гуми”, рече портпаролот на полицијата, говорејќи за организација која се одвојува од најголемиот синдикат на „јакуза” – Јамагучи-гуми, во 2015 година. Гангстерите, на возраст меѓу 52 и 59 години, се обиделе да украдат 198 работи вклучувајќи лубеница, ориз, јагула и готови јадења, во друштво на шефот на бандата.
Еден од нив и рекол на полицијата дека „групата е толку сиромашна” дека членовите треба да крадат храна.
Јапонската мафијашка организација „јакуза” просперираше од хаосот на повоена Јапонија во криминални организации, кои имаат милијарди долари и кои се занимаваат со секакви злосторства.
Тие одамна се толерираат како нужно зло, за да обезбедат ред по улиците и да ги прават работите брзо, колку и сомнителни да се средствата со кои располагаат. Но намалената социјална толеранција, слабата економија и смалувањето на членовите на крајот и штетат сериозно на „јакуза”.

Останати вести