Јанева излезе пред јавноста: Не само Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребиле моето име!

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по десетина дена молк и криење од јавноста, во вторникот се појави во седиштето на СЈО каде прочита изјава:
– Дозволете прво да ви се извинам што оставив простор и не се појавив во јавноста. Не ми беше лесно да го следам јавниот линч. Но не сакав да дадам повод со моето излегување во јавноста да дадам повод дека на било кој начин влијаам на истрагата.

Од моментот на мојот избор за СЈО, мојот живот, професионалната биографија и приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања. Свесна бев дека ќе бидат цел на напади за дикредитација, но повикот да се биде на чело на СЈО за мене е сериозна чест и голема одговорност.
За индициите најодговорно тврдам дека ниту свесно ниту несвесно не сум ја злоупотребила должноста која уште ја извршувам и ги охрабрувам органите на истрагата да продолжат со својата работа.
Не сум криела дека се познавам со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува. Но во изминатите години добивав сознанија дека не само лицето Бојан Јовановски, туку и други го злоупотребуваат моето име за различни цели, рече Јанева.
Откако ја прочита петминутната изјава, Катица Јанева си замина и не сакаше да одговори на новинарските прашања.
Таа е се уште на чело на СЈО, со оглед на тоа то нејзината оставка е депонирана и ќе стапи на сила по донесувањето на новиот закон за ЈО.

Била во Гевгелија на опоравување
Катица Јанева се појави на работа во СЈО во вторникот. Претходниот ден социјалните мрежи бруеја поради фотографиите од еден скопски салон за убавина во кој се гледа како обвинителката се средува за следниот ден да излезе пред јавноста.
Инаку, таа неколкуте денови во “илегала” го поминала во родната Гевгелија, објави „Слободен печат”.
Шефицата на СЈО во оставка имаше отворено боледување од 16 јули, а како што пишува весникот била на медикаменти и ѝ е препорачан одмор.

Останати вести