Екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во понеделникот околу 18 часот од зградата спроти седиштето на МВР (каде што живее) со полициска придружба е спроведена во затворот Идризово за издржување на 4-годишна затворска казна за случајот “Тенк”.
Таа е сместена во карантинското одделение каде што ќе остане 14 дена и до изготвување на нејзиното досие. Во одделението е со уште една жена која исто така била денска примена, но и двете се одвоени во посебни простории. Така ќе биде до истекот на 14-те дена, кога екс министерката ќе биде сместена во женското одделение.
Директорот на затворот Идризово вели дека ќе бидат земени сите околности во предвид како и безбедносни со оглед дека Јанкуловска доби закани по нејзиниот живот на социјалните мрежи од Станислава Чочоровска. Тој тврди дека во моментов Јанкуловска е безбедна во одделението каде што се наоѓа.
Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, изјави дека дента кога ја добил конечната пресуда од Врховен истата и е врачена и на Јанкуловска. Во 17.30 часот одделот за потраги од скопската полиција постапил по упатниот акт од судот и ја привел Јанкуловска од нејзиниот дом, каде и било оставено половина час да се подготви. Џолев вели дека не постоела можност за одлагање на затворската казна бидејќи тоа веќе го сторила претходно заради детето кое тогаш немаше наполнето една година.
Јанкуловска е осудена на 4 години затвор за случајот “Тенк”, односно незаконската набавка на “мерцедесот” од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски. Јанкулоска одговара за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР, Ѓоко Поповски, да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата да купи блиндиран “мерцедес”, не за полицијата туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.
Ова е прв министер од Владата на Груаевски кој заврши во затвор за предмет воден од згаснатото Специјално јавно обвинителство.