Јапонската влада има намера да ја продолжи вонредната состојба до 20 јуни

Јапонската влада има намера да ја продолжи вонредната состојба, воведена поради корона вирусот, во Токио и други области за три недели, бидејќи бројот на заразени сè уште е висок, изјави министерот за економија, Јасутоши Нишимура.

Вонредната состојба требаше да заврши на 31 мај, но е продолжена до 20 јуни, пренесува Ројтерс.
Големиот број на заразени лица и бавната вакцинација против вирусот доведоа до барање од лекари, истакнати бизнисмени и стотици илјади граѓани од Јапонија да се откажат Олимписките игри, кои треба да бидат отворени во Токио на 23 јули.
Претставници на владата, организатори на Игрите и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) најавија дека натпреварите ќе бидат одржани под многу строги мерки за да се спречи ширењето на заразата.
Потпретседателот на МОК Џон Коутс минатата недела рече дека Игрите ќе се одржат дури и ако во Токио на сила е вонредна состојба.
Речиси 730.000 случаи на корона вирус се регистрирани во Јапонија, каде вирусот однесе повеќе од 12.000 животи. Вакцинирани се околу шест проценти од населението во, што е најниско ниво меѓу високоразвиените земји.

Останати вести