Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 31 март 2019 година, објави весникот „Асахи Шимбун” повикувајќи се на владини извори.
Тоа ќе биде прва абдиција на еден јапонски цар во последните 200 години. Премиерот Шинзо Абе ќе се сретне со официјални лица и со членови на царското семејство во ноември пред одлуката да биде официјално соопштена. „Франс прес” го контактирала семејството, но не добила потврда. Од таму за агенцијата изјавиле дека ништо не е одлучено.
Царот Акихито (83) во август лани изрази желба да абдицира поради старост. Најстариот син на Акихито, Нарухито, ќе го наследи тронот.