Колку е препорачаната дневна доза на јаткасти плодови

Јаткастите плодови се исклучително квалитетни и претставуваат извонреден избор за грицкање наместо вообичаените индустриски преработки и добро е да се консумираат секој ден, советуваат нутриционистите. 

Богати се со квалитетни маснотии, пред се со олеинска масна киселина, но и со многубројни минерали, витамини, дури и со есенцијални аминокиселини, што се одразува на нивното позитивно влијание врз здравјето на срцето и нервниот систем.

Заради таквата нутритивна вредност на вегетаријанците им се препорачува секојдневно да ги консумираат.

Факт е дека освен тоа, јаткастите плодови се и висококалорични па не треба да се претерува со нивна конзумација. Предлог за меѓуоброк со јаболко или со некое друго овошје по избор, може да биде една рака јаткасти плодови, а најдобро е да одберете различни видови, а освен тоа можете да додадете и и семки од тиква, лен или сончоглед.

Јаткастите плодови и семките можете да ги додавате и во готови јадења, иситнети или како дел од десертот, утринскиот оброк и слично.

Со оглед на тоа дека е тешко да се запре на неколку плодови, настојувајте да бидете свесни колку јадете и вашата дневна доза нека не биде поголема од една шолја со овие плодови. Секако, тоа зависи и од преостанатата храна што ја консумирате.

Останати вести