Иако спаѓаат во групата на висококалорични намирници, доколку се конзумираат во помали количини, јаткастите плодови помагаат во борбата со килограмите и го подобруваат целокупното здравје.
Триесет грама ореви, бадеми, лешници или било кои други јаткасти плодови дневно, ќе му ги обезбедат на телото потребните хранливи материи и здрави масти.
Во примена на редуциран режим на исхрана (кој подразбира намалено внесување на калории), јаткасите плодови се одличен избор, како што покажаа истражувањата, тие го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат губењето на масни наслаги.
Неколку оброци во текот на денот комбинирани со зеленчук, овошје и јаткасти плодови ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина на здрав начин.