Минатиот вторник во организација на весникот Вест Аустралијан, ТВ каналот 7, и бизнис заедницата, се одржа јавна трибина за бизнис можностите во југоисточна Азија.
Осмислен како појадок и јавна трибина, водител на настанот беше Гарет Паркер –политички едитор на “The West Australian”. Во дискусијата учествуваа Аде Падмо Сарвоно – индонезиски конзул, Грег Харви, директор на Интерфлор холдинг и Андреа Глесон, од одделот за странски инвестиции и трговија. Меѓу присутните беа почесниот конзул Зоран Ќосески и др. Миле Терзиовски, кои во еден момент се сретнаа со поранешниот министер за надворешни работи Стивен Смит. За жал, иако поранешната лабуристичка влада на Кевин Рад намигнуваше пред да дојде на власт со промена на позицијата со името Македонија, кога дојдоа на власт решија да продолжат со игнорирање на очигледното.
