Министерот за финансии Mathias Cormann предупреди дека бројките на федералниот буџет кој е претставен минатата седмица се „лоши”. Бруто долгот ќе биде над $1.1 билион, додека дефицитот ќе изнесував дури $210 милијарди.
Како причина за тоа е пандемијата предизвикана од коронавирусот во која владата на Морисон се најде со здравствена и економска криза и се очекува бруто националниот долг да изнесува околу 55% БДП. Сенаторот Cormann изјави дека одговорите на затворање на работните места и спроведување на здравствените мерки биле скапи. „Бројките објективно гледано ќе бидат лоши но знаеме зошто се наоѓаме во ваква положба. Коронавирусот неочекувано не погоди предизвикувајќи пандемија која силно влијае на нашата економија” – рече тој.
И додаде дека Австралија во кризата влезе со посилна фискална позиција од било која друга нација. „Го ублаживме ударот и претежно ги сочувавме работните места, колку што можевме, и насочени сме кон опоравување” – вели тој. Проценките за буџетот се темелат врз претпоставката за развој на вакцина против коронавирусот за што сенаторот Cormann вели е „најдобар можен совет”. Не сакаше да каже колку работни места ќе бидат отворени преку буџетските мерки ниту сакаше да коментира дали моделот за субвенционирани плати на практиканти ќе биде применет и во други сектори.
Што се однесува до олеснувањата кои се однесуваат на данокот на приход, тој изјави дека опозиционата Лабуристичката партија ќе мора да одлучи за својот став.
„Ако не сакате да застанете на пат на тоа да во џеповите на работниците да се слеваат повеќе пари, треба да го подржат буџетот, тоа ќе биде прашање за Лаубристичката партија. Ако постојат мерки што ќе донесат олеснувања на данокот на приход треба да ја поддржат владата и опозицијата, мораат прво да поминат низ законска процедура… потоа Даночната управа на Австралија многу брзо ќе почне во нивно спроведување” – рече тој.