Почна 30. Меѓународна ликовна колонија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“

Триесеттото, јубилејно издание на Меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски” почна во средата, во манастирот кај Kрива Паланка. На колонијата, која трае до 16 септември, учествуваат 18 уметници од САД, Англија, Хрватска, Турција, Бугарија и од Србија.

– Нашите гости ќе имаат можност да го посетат градскиот музеј во Kрива Паланка, пештерата на св. Јоаким во село Градец, мегалитската опсерваторија Kокино. Ќе ги посетиме и црквите, музеите и галериите низ Скопје. Сликарите работат по слободен тематски пристап, а секој од нив е обврзан да остави две дела во манастирската збирка на колонијата – изјави за МИА Јордан Михајловски, заменик-кординатор на колонијата.
Изложбата на делата создадени на колонијата ќе биде отворена на 16 септември, во Стариот конак на манастирот Св. „Јоаким Осоговски”. Подоцна, делата ќе бидат изложувани во манастирот и во Градскиот музеј, а изложба за триесетгодишното постоење на колонијата ќе биде поставена во Скопје, Штип, Kуманово, Kочани, Перник, Ќустендил…
Kолонијата е дел од годишната програма на Министерството за култура за годинава и работи под патронат на манастирот „Св. Јоаким Осоговски”.

Останати вести