JobKeeper: Информации за вработените

Вработените ќе добијат известување од нивниот работодавец дека добиваат исплата JobKeeper. По тоа мнозинството вработени нема да треба да направат ништо.

Вработените ќе имаат дополнителни обврски во следните околности.
Вработените кои имаат повеќе работодавци мора да го известат работодавецот дека е нивен примарен работодавец.
Вработените кои не се австралиски државјани мора да го известат нивниот работодавец за нивниот визен статус, за да му овозможат на нивниот работодавец да утврди дали се вработени со право на исплатата.
Вработените кои сега добиваат или поднеле барање за исплата за поддршка на приходот (income support payment) треба да ја известат службата Services Australia за промена на нивните околности по интернет на my.gov.au или по телефон.
ИСПЛАТАТА JOBKEEPER НА ВРАБОТЕНИТЕ
Со исплатата JobKeeper, бизнисите и непрофитните врз кои влијаеше коронавирусот, ќе можат да побараат од Федералната влада субвенција на платите, за да продолжат да ги плаќаат нивните вработени. Работодавците на кои вирусот имаше влијание ќе можат да бараат исплата од 1.500 долари двонеделно по вработен кој ги исполнува условите од 31 март 2020, во период од најмногу шест месеци.
Вработените кои ги исполнуваат условите ќе добиваат најмалку по 1.500 долари двонеделно, пред данок. Останува на работодавецот да реши дали сака да плаќа superannuation на секоја дополнителна заработувачка платена поради исплатата JobKeeper.
Вработените кои ги исполнуваат условите вклучуваат австралиски државјани, носители на постојана виза, и носители на виза од специјална категорија (Subclass 444) на 1 март 2020. Вработените мора да бидат жители за австралиски даночни цели на 1 март 2020.
Вработени со полно работно време (full time) и со скратено работно време (part time), вклучувајќи ги отпуштените вработени, ќе имаат право на исплатата JobKeeper. Ако вработен на дело (casual employee) на 1 март 2020 бил со неговиот работодавец на редовна и систематска основа во претходните 12 месеци, тој исто така ќе има право на исплатата JobKeeper.
Вработените ќе можат да ја добиваат оваа исплата на различни начини.
Ако вашиот работодавец ви плаќа 1.500 долари или повеќе двонеделно пред данок, исплатата JobKeeper ќе му помогне на вашиот работодавец да продолжи да работи, со тоа што ќе ја субвенционира целата или дел од вашата плата.
Ако вашиот работодавец ве плаќал помалку од 1.500 долари двонеделно пред данок, вашиот работодавец мора да ве плаќа најмалку 1.500 долари двонеделно пред данок.
Ако сте биле отпуштени, вашиот работодавец мора да ве плаќа најмалку 1.500 долари двонеделно пред данок.
Вие ќе немате право на исплатата JobKeeper ако од Services Australia го примате додатокот Parental Leave Pay. Меѓутоа, вие ќе имате право на додатокот ако сте на родителско отсуство (parental leave) од вашиот работодавец.
Ако добивате работничка оштета (workers compen­sa­tion) вие ќе имате право на исплатата JobKeeper ако работите, на пример намален број часови, но општо земено не би имале право ако не работите.

Останати вести