Џоли по цел ден се пржи на плажите во Австралија!

Анџелина Џоли, која веќе извесен период престојува во Австралија поради снимањето на новиот режисерски проект, станала зависничка од сонце. Актерката поминувала по неколку часа на плажа пржејќи се на јаките сончеви зраци, па поради тоа нејзините блиски пријатели и соработници стравуваат за нејзиното здравје.

 

“И покрај тоа што постојано се мачка со креми со заштитни фактори, не е убаво толку време да се седи на сонце. Сепак не сака да не слуша”, изјавил еден од нејзините соработници кој е заедно со неа во земјата на кенгурите.

Освен соработниците, друштво на актерката и прават и децата, а наскоро ќе им се придружи и Бред Пит, кој моментално го снима новиот филм во Лондон.

Останати вести