Јоне Белчев потекнува од големото семејство Белчеви од село Цапари. Роден е на 19 јули 1929 год.од родители, мајка Блага и татко Ристо Белчеви, кои покрај најстариот син Јоне ги имаат и синот Киро како и ќерките Верка и Иванка.
Уште со самото пристигнување во Австралија Јоне Белчев постанува еден од главните активисти во организирање на македонската заедница на овие простори како на културно-просветно така и на црковно и национално поле. Тој беше во Иницијативниот одбор за изградба на Македонската православна црква Св.Петка во срцето на Рокдаел. Тешко е да се набројат активностите на неуморниот Јоне Белчев во кои учествувал во формирање на Македонско-просветен училишен одбор за НЈВ за изучување на македонскиот јазик на младите генерации, во формирање МЛД –Григор Прличев, фудбалскиот клуб Илинден во Рокдаел и многу други организации. Белчев долги години бидува претседател на Управниот одбор при МПЦ Св. Петка каде бил прогласен и за нејзин почесен доживотен член. Секогаш бил ценет и покануван од австралиските власти како претставник од македонската заедница. Вечна му слава.
За Македонците
од Сиднеј – Перо Коцин