Сите пеат и играат на концертот со Јордан и Благица

Неверојатна беше атмосферата на целосно распродадениот концерт на Јордан Митев и Благица Павловска минатава сабота во Мелбурн.

Од самиот почеток па се до после полноќ се редеа хитовите на овие наши две неуморни музички ѕвезди. Музиката и песните во прекрасен ритам без престан се редеа, а Јордан и Благица ја наелектризираа атмосферата до тој степен што никој не сакаше да замине од овој концерт во Емералд рецепција. Настан кој ретко се доживува за кој сме им благодарни на организаторите на турнејата Австралиско Македонското младинско друштво “Никола Карев” од Мелбурн, кои успеваат секогаш да го прикажат најдоброто од Македонија.
Многумина ќе бидат изненадени дека талентираниот Јордан Митев има само 33 години, кој за своите години има постигнато многу во својата кариера. Тој е пеач, композитор и автор на преку стотина песни и може слободно да направи солистички концерт само со неговите хитови. Затоа впрочем од 2010 година наваму имаз создадено своја култна публика што го препознава неговиот талент што се издвојува од сите други пеачи во Македонија.
Остануваат уште настапите во Аделаид 26 октомври, во Мелбурн на 1 и 2 ноември се распродадени и по барање на публиката е најавен и дополнителен концерт на 4 ноември.
За повеќе информации можете да се јавите кај Аце Петровски на 0417 128 641.

Останати вести