Јордан и Гонце ја вжештија атмосферата

Концертите на Јордан Митев и Гонце Гогова минатиов викенд во Мелбурн беа вистински хит. Публиката можеше да ужива во вистински шоу на Јордан Митев  и Гонце Гогова, што го приредија во салите на “Гранд Нерет” и “Шелдон” во Мелбурн, каде што ги одржаа првите концерти од турнејата во Австралија. Атмосферата ја крена до вжештување посебно  настапот на Јордан, кога почна да свири на кавал, зурла и на гајда. Естрадниот пар и овојпат пристигна  со  добро подготвен избор на песни. Тие, заедно со групата “Амадеус”,  ќе настапат  на повеќе веќе распродадени концерти низ Австралија.

 

Останати вести