Концертите на Јордан Митев набргу се распородаваат

Во состав на австралиската турнеја, која ќе трае од крајот на октомври, фолкерот ќе одржи девет концерти во Перт, Сиднеј, Мелбурн. Џилонг, Квинбијан и Волонгонг, а поголем дел од нив веќе се скоро распродадени, и тоа на еден месец пред нивното одржување. 

Јордан Митев по летото во Македонија исполнето со низа ангажмани, не заминува на заслужен одмор, туку се подготвува за големата австралиска турнеја која почнува со првиот закажан концерт во Мелбурн на 2 октом­ври.
Освен што се подготвува за големата прекуокеанска турнеја, Јордан интензивно работи и на финиширање на новиот материјал, кој на домашен терен ќе биде промовиран по враќањето, а прва ќе има можност да го преслуша токму нашата заедница во Австралија.
Албумот со наслов „Моја кралице” треба да излезе кон крајот на годинава а освен насловната за која е снимен и спот, публиката имаше можност да ја чуе и „Ти ќе си моја”.

Останати вести