Македонците од Њукастел одбележуваат значаен јубилеј

Македонската заедница од градот Њукастел во НЈВ овој петок ќе одбележи 50 години од осветувањето на црковната општина “Св. Богородица”.

Ова е голем јубилеј и достоен за почит што македонската заедница го има остварено во Њукастел, каде покрај црквата има културен центар, градинка, пензионерско друштво, женска секција, младински клуб, играорно друштво КУД “Стив Наумов”, училиште и фудбалските клубови Бродмедоу Маџик и Њукастел Санс.
Од претседателот на општината Саш Стојчевски дознаваме дека нема да се одржи прославување поради рестрикциите со коронавирусот, кои што не дозволуваат големи собири.
Им посакуваме и понатаму да ги негуваат корените и македонштината како аманет од сите оние што помогнале да се постигне сето ова.

Останати вести