Централна прослава по повод јубилејот 25 години на Задграничниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ се одржа на Универзитетот Edith Cowan во Перт.
Претседателот на комитетот за Перт Трајче Трајковски одржа поздравен говор, а професорот Адријан Пенистан зборуваше за историјата на ВМРО –ДПМНЕ од 1990 до 2015 година. На оваа прослава беше Предраг Ивановски, секретар на задграничниот комитет од Аделаид, Јужна Австралија.
Воедно беше одбележан и празникот 23 Oктомври, денот на македонската револуционерна борба, а на најстариот член од Перт, Танаско Танески, му беше врачена благодарница за неговата долгогодишна активност.



