Јубилејната награда му припадна на Симеон Георгиевски

Пред 30 години започна емитувањето на радиопрограмата на македонски од локалната радио станица 2НБЦ, а еден од основачите е Дон Џејмисон.
Минатата сабота во просториите на Мортдаел РСЛ Клубот беше одржана јубилејната прослава по повод 30 години од основањето, а на истата се доделува наградата Дон Џејмисон на најзаслужниот радио-водител во текот на годината.

Престижната награда оваа година му беше доделена на Симеон Георгиевски – “Брич”.
За доделената награда, меѓу другото, Георгиевски изјави: “… Покрај мене заслуга имаат спонзорите, слушателите, а исто така и мојата сопруга која ми дава голема поддршка”.
Оваа радио програма емитува 7 програми на македонски јазик кои се емитуваат од петок до недела, а Симе е уредник односно водител на две програми во кои се емитуваат: вести, спорт, музика, а секако големо интересирање кај слушателите предизвикуваат естрадните уметници од Македонија кога гостуваат во неговите програми.
Радио програмите слушателите можат да ги пратат и на интернет.

К.М.

Останати вести