Џастин Бибер – причина за разводот со Орландо Блум?

Миранда Кер и Орландо Блум и понатаму ги полнат страниците на таблоидите, а новинарите ги претпоставуваат причините за разделбата на парот. Магазинот „Пипл” пишува дека една од причините би била таа што Миранда кокетирала со Џастин Бибер.

 

Иако е тешко да се поверува дека 30-годишната ангелка на „Викторијас сикрет” „паднала” на шармот на 20-годишниот пејач, медиумите пишуваат дека се дружеле на една забава во Њујорк.

„Орландо слушнал дека кокетирале и не бил воопшто среќен поради тоа. Миранда секогаш ја сакала музиката на Џастин”, пишува „Пипл”.

Освен тоа, наводно, Миранда го научила својот син Флин на зборовите „Бибер фивер”, што дополнително го разбесенило Блум.

Од почетокот на годинава почнаа муабетите дека двојката има проблеми во бракот, а гласините почнаа кога бившиот ангел на Викторија Сикрет неколку пати се појави без венчалниот прстен на рака.

Останати вести