Каде „оди“ салото кога ќе ослабнеме?

Често зборуваме за диетите, слабеењето и губењето на вишокот килограми, но, всушност, имаме многу предрасуди во врска со тоа. Некои луѓе сметаат дека салото се претвора во енергија или топлина, додека некои мислат дека масните наслаги на одреден начин се излачуваат од организмот или се претвораат во мускули.

Сепак, научниците појаснуваат дека, кога ќе го изгубите салото, вие всушност, го „издишувате” во вид на јаглерод диоксид.
– Неверојатно е колку многу предрасуди и незнаења постојат за метаболичките процеси на слабеењето. Точниот одговор на прашањето што се случува со масните наслаги кога ќе ослабнеме е овој: повеќето од тие клетки ги издишуваме во вид на јаглерод диоксид. Салото, всушност, оди во воздухот – појасниле научниците.
Вишокот јаглехидрати и протеини се претвораат во хемиски споеви триглицериди (кои се состојат од јаглерод, водород и кислород), а кои потоа се складираат во клетки на маснотии.
За да го изгубите вишокот килограми, значи дека морате да ги разградите тие триглицериди, што значи да го „отклучате” јаглеродот којшто е складиран во вашите масни клетки.
За да изгубите 10 килограми маснотии, потребно ви е да вдишете 29 килограмикислород, да произведете 28 килограми јаглеро диоксид и 11 литри вода.
Од 10 килограми изгубени масти, научниците откриле дека 8,4 килограми биле исфрлени со дишењето како јаглерод моноксид, со што, всушност, заклучиле дека белите дробови се главен орган за губиток на килограмите. Останатите 1,6 килограми изгубени се во вид на вода која се излачува по пат на урина, измет, пот, солзи и други телесни течности.

Останати вести