Популарната австралиска пејачка Кајли Миног (47) во јавност е видена со млад актер, со кој од неодамна е во врска.
Пејачката како и многу нејзини колешки му се приклучи на светскиот тренд во кој познатите ѕвезди се забавуваат со помлади мажи, и си „ќарила” помладо момче. Пејачката на снимањето на серијата „Galavant” го запознала 20 години помладиот актер Џош Сас, во кој наводно се вљубила.
Тие двајцата се видени во Лондон, каде прегрнати уживале во прошетката.
Кајли пред Џош беше во врска со 10 години помладиот шпански модел Андрес Веласкез, кој го запознала на снимањето на рекламата за нејзиниот парфем.
Двојката била 5 години во врска по што решија да се разделат. Пред тоа, „џебната Венера” како што ја нарекуваат во јавноста имаше романса со францускиот актер Оливие Мартинез, кој и пружи голема поддршка додека Кајли пред неколку години се бореше со ракот на дојка.
Подготви:Б.В.