Кајли Миног раскина со убавецот Андреас Веленкосо

Поп-ѕвездата Кајли Миног (45) ја раскина петгодишната врска со шпанскиот модел Андреас Веленкосо (35). Двојката одлучила да ја прекине својата романса, откако притисокот од работата почнала да влијае врз нивниот однос.

Пејачката во моментов е во Велика Британија, каде учествува како судија во реалното шоу „The voice”, но исто така работи и на својот нов албум.

Од друга страна Андреас се наоѓа во САД, каде се обидува да ја стартува својата актерска кариера. Близок извор на пејачката кажал дека таа била „очајна” поради раскинувањето кое многу тешко ѝ паднало.

Кајли и Андреас почнале да се забавуваат во 2008 година, кога се запознале на снимањето на рекламата за нејзиниот парфем, а последен пат биле видени заедно во август оваа година.

Останати вести