Кајли Миног скршена од болка

Австралиската пејачка Kајли Миног неодамна ја прекинала петгодишната врска со шпанскиот манекен Андрес Веленкосо, а тој веќе нашол нова партнерка.

Само две недели по раскинувањето со Кајли, Андрес е виден во друштво на новата девојка, Урсула Корберо.
– Кајли е зачудена и се чувствува многу лошо поради тоа што Андрес толку брзо си нашол нова девојка. Всушност, таа беше убедена дека после неколку недели повторно ќе бидат заедно – рекол извор близок на Кајли.
Пред сè, Кајли се чувствува издадена и верува дека Андрес ја изневерувал и додека биле во врска. А сега кога знае дека е во игра друга жена, таа верува дека го изгубила засекогаш, додал изворот.

Останати вести