Атрактивните нозе на Миног во прв план

Австралиската пејачка Кајли Миног оправдано и заслужено ја нарекуваат ‘џебна Венера’.

 

44-годишната Кајли Миног би можела да се опише како ситна, но опасно сексипилна жена. Познатата пејачка беше фотографирана во Њујорк како оди на снимањето на шоуто Watch What Happens Live.Иако ниска, таа не можеше да помине незабележано во кратките кожени жешки панталончиња кои ги нагласуваа нејзините витки нозе.

-Често пати се гледам во огледало и забележувам дека гравитацијата си го прави своето. Се случува да си го погледнам лицето на телефон или Скајп, и тоа е како преработено со специјалните ефекти на Спилберг и тогаш почнувам да вриштам – ‘Кој е тоа?!’. Заборавам дека имам 44 години, а постојат и утра кога се чувствувам како да имам 94 години, а не 44. Така изгледа реалноста пред да се нашминкам, признава славната Австралијка за списанието Elle. Којзнае, можеби сепак малку претерува со самокритикувањето.

 

Останати вести