Kајмакоски изгуби од Италијанецот Менгони, Бибер со најмногу статуетки

Македонскиот пејач Даниел Kајмакоски, кого музичкиот канал Ем-ти-ви го прогласи за најдобар изведувач од балканскиот регион, не успеа да триумфира и на европско ниво.

Имено, наградата за најдобар артист на стариот континент отиде во рацете на италијанскиот пејач Марко Менгони, а му беше врачена во рамките на свеченото доделување на годинашните Европски музички награди, неодамна во Милано.
Канадскиот пејач Џастин Бибер беше победник на вечерта и дома си замина со пет статуетки: за најдобар машки изведувач, најдобар изглед, најдобар артист од Северна Америка, најдобра соработка и најстраствени фанови. Со ова, Бибер се врати на голема врата на музичката сцена, а идниот месец ќе го објави и својот нов, четврти студиски албум, Purpose.
На Kајмакоски во Белград му беше доделена статуетката за најдобар регионален изведувач (MTV Best Adria Act). Во оваа категорија тој успеа да ги победи „2 Челос”, Марчело, Сасја и бендовите „Хладно пиво” и „Били Андол”. Популарниот македонски пејач беше гостин во редакцијата на Ем-ти-ви Адрија, од каде што го коментираше настанот во Милано и случувањата на црвениот килим пред почетокот на шоуто.

Останати вести