Знаеме дека нашата планета е многу стара, но дали некогаш ќе ја откриеме точната „година на раѓање” на Земјата?
Колку е Земјата стара и со колкава прецизност можеме да го одредиме тоа се прашања кои што го мачат секој геолог од моментот кога ќе се одлучи за својата идна професија, а можеби и од порано.
Сепак, макотрпниот процес за одредување на староста на планетата Земја во теорија е многу едноставна работа – само треба да се пронајде најстарото парче од Земјата и потоа да се открие колку е тоа старо.
Пронаоѓањето на суперстарите карпи меѓутоа е многу тешко во пракса. Тектонските поместувања константно ги рециклираат карпите – ги дробат, ги потиснуваат во длабочина, ги претвораат во магма и потоа ги враќаат назад на површината. За време на овој процес, природата на некој начин ги брише доказите за староста од атомот на радиоактивниот јаглерод кој што е неопходен за извршување на „датирањето”.
Сепак, насекаде распространети низ светот, постојат и некои многу стари карпи кои што успеале да „преживеат” од некои многу далечни времиња. Еден таков пример е зрнце на циркон пронајдено во Западна Австралија.
Благодарение на споменатиот циркон и радиоактивниот јаглерод, научниците процениле дека Земјата е стара најмалку 4,374 билиони години. Сепак ова не мора да значи дека е точно затоа што можно е некоја друга постара карпа да се „крие” низ Земјата.
Како и да е, додека не пронајдеме некој стар минерал или не откриеме некаква епохално нова технологија за откривање на датирањето, овој број ќе остане запишан како „денот на раѓањето” на нашата планета Земја.