Против Боки Тредичи, сињора Катица и нивниот носач на торби, Зоки Кичевскиот до 10 октомври ќе биде поднесено обвинение, за да може судот на 14 октомври, ден пред истекот на 90 дена од притворот, да одлучува за ново продолжување кај Тредичи, објави порталот “Сведок.мк”.
Од овој портал се обидоа дури и да го претпостават текстот на обвинението што го пишува јавната обвинителка Вилма Рускоска.
“Веројатно ќе почнува со појаснувањето дека Катица и Боки, користејќи исти прилики, а по претходен план како да заработат милиони евра, им пристапувале на бизнисмени кои Боки ги рекетирал со сесрдна поддршка, помош во информации и документи од сињора Катица, а кои биле тајни. Така, тие двајца, по серија среби, разговори, закани и уцени успеале да земат 1 милион евра од бизнисменот Ј.К. како и 500 илјади претходно од неговата сопруга А.К., во обид сумата да достине 8 милиони евра.
Откако Боки и неговиот пријател – носач на торби Зоран Кическиот, како коледари видно од снимките благодарение на италијанскиот весник “Ла верита”, се упатуваат дома кај МАМА! Мајката на Боки 13 , која друга личност би била посоодветна за чување на парите? Госпоѓата мама, која Кирацовски не ја познава ама ја стави во Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги прибрала парите во домот во Карпош, заедно со ташничката “Луј Витон”, во која, како што се зборува низ чаршијата имало локаторче.
Патем спомнувајќи дека Јасмина Јовановска (мајката на Боки13) е школска другарка на обвинителката Вилма Рускоска, порталот додава дека од нејзиниот стан биле делени парите според учеството на лицата во целата афера: наминал еден пратеник, па по него еден полицаец, па по него… и се така, додека имало планиран кеш за поделба!
Тука се поставува прашањето зошто госпоѓата Јасмиа Јовановска не е под истрага, ако е ова воопшто точно!?
Порталот “Сведок.мк” понатаму тврди дека односите меѓу Тредичи и сињора Ката биле такви што всушност Боки на Ката и давал наредби! Ако може да му се верува на транскиптот од снимката, сињора Ката отишла до Бугарија зимоска да ја прошета бундата што и ја подарил Тредичи, ама итно му била потребна за фазата “Рекет”, па тој и се јавува и и наредува веднаш да се врати во хотелот каде што има „вифи” за да зборуваат на „ватсап” бидејќи другите апликации не му се сигурни! И така биднало, транскриптот посочува дека сињората за 5 минути се јавува на наредбата на Тредичи.
Во истрагата не беше опфатен ниту синот на Катица – Лазар Јанев, за кого се плетат приказни дека учествувал во изнудите и дека добивал 10.000 евра месечна плата во телевизијата 1ТВ.
Братот и сестрата адвокат-судија наводно ќе биле опфатени во друга постапка како и целата приказна околу “Меѓународниот сојуз”, иако првите два лика во исказот на сопругата на Јордан Камчев се спомнуваат токму е како посредници во “Рекет”!